– Пожарот почна од собата веднаш до таа кај што лежеше татко ми. Сестра ми постојано плаче и е многу вознемирена. Таа беше со татко ми како придружба во модуларната болница во Тетово. Во модуларната болница при прием на ковид пациент ни кажаа да оставиме еден член од семејството како придружба, бидејќи нема доволно персонал. Во овој случај беше од помош, зашто тие што се спасија, се спасија благодарение на придружбата. Слушнав и дека имало мајка и ќерка кои изгореле затоа што ќерката не сакала да ја остави мајка си и изгореле заедно, ја почнува Јована својата приказна за „Слободен печат“.
Повеќе прочитајте на линкот.