Новинарот кој е пратен да направи истражувачка приказна за исчезнатиот 21-месечен Никола Тантурлија во општината Палазуоло сул Сенио кај Фиренца, на крај детето самиот го пронашол, пишува BBC.
Тантурли последен пат е виден во понеделникот навечер во својата соба, а неговите родители следниот ден пријавиле во полиција дека е исчезнат.
Новинарот на РАИ, Џузепе Ди Томасо во средата кога се приближувал до куќата на семејството Тантурли слушнал стенкање од провалија крај патот по кој одел. Потоа тој запрел полициски автомобил кој учествувал во потрагата на детето, па полицајците ги упатил таму.
Тантурли веднаш е однесен во болница, а BBC пишува дека е во добра состојба. Се верува дека детето се разбудило среде ноќ, го напуштило семејниот дом и залутало.
Според информациите на началникот на општината, околу 1.000 луѓе и хеликоптер го барале детето.
Наредникот на локалните карабинери Данило Цицерели се спуштил приближно 25 метри во провалијата за да ги истражи звуците за кои полицијата ја информирал новинарот на РАИ.
– Слушнав крици и очекував дека ќе се појави некое животно. Наместо тоа, излезе Никола. Главчето му ѕиркаше од високата трева и ми кажа „мама“. Тоа беше преубаво чувство – вели Цицарели.
Локалните медиуми пишуваат дека Тантурли во текот на инцидентот се здобил со полесни повреди.
– Емоцијата беше силна, сè уште сум потресен – вели Ди Томасо за италијанската новинска агенција Анса.