Кампот бил организиран од Прв скопски извиднички одред од каде вчера во соопштение не негираа дека активностите се случувале но рекоа дека истите се „сфатени надвор од контекст”.

За „Слободен печат“ уште еден родител раскажува низ што поминал нејзиниот син и какви „игри“ биле правени за тинејџерите од водичот кој може „и татко да им биде.“

Нас како родители само усно ни беше кажано дека ќе биде акција за сексуална едукација. Но тоа беше се освен едукација. Син ми е згрозен од целиот настан и се што видел како машко, а камоли девојчињата. Имало многу вулгарни зборови, игри, кои не ги оправдувам и првенствено син ми беше иницијатор да пријавиме за да се крене свеста и кај другите деца, да не премолчуваат и да не ја заташкуваат работата, рече меѓу другото мајката во изјавата.