Акција за отстранување цврст отпад од дното на Охридското езеро

Стотина нуркачи од Охрид, други македонски градови и од земјите од регионот денеска учествуваа во еколошка акција за чистење на Охридското Езеро. Организатори на ваквата акција беа нуркачкиот центар „Амфора“. Акцијата се реализираше на неколку локации долж брегот – од вливот на реката Черава во Љубаништа до Калишта во Струга. Целта беше отстранување на цврст отпад од езерското дно, како и подигање на еколошката свест кај граѓаните.

  • „Најчесто вадиме пластика, стакло, лименки, автомобилски гуми и градежен шут кој се таложи со години“, рече Јован Секулоски од нуркачкиот центар „Амфора“.

Гости од регионот ја поддржаа акцијата и ја пофалија убавината на езерото

Нуркачи од регионот чистеа отпад од дното на Охридското Езеро. Во акцијата учествуваа и нуркачи од Србија, Црна Гора, Хрватска и Босна и Херцеговина. Меѓу нив беше и Сафет Караџиќ од Босна, кој изјави дека и покрај бројот на туристи, езерото не е толку загадено колку што би се очекувало. Адвaн Акељиќ, министер од средна Босна, додаде дека преку овие активности се разменуваат искуства и се проширува свеста за заштита на природата и кај нив дома.

И покрај ваквите акции, учесниците предупредуваат дека дел од граѓаните и туристите сè уште го третираат езерото како депонија. За потсетување езерото е под заштита на УНЕСКО.

Извор: МРТ