Прифатливи навлаки за лице се медицински (хируршки) маски за лице и филтрирачки полумаски (FFP2, N95 или KN95 без вентили) “, објавија на Фејсбук.

Дополнителни правила се објавени на веб-страницата на Кроација ерлајнс:

На сите летови на Кроација ерлајнс, носењето маска над носот и устата е задолжително.

Не се дозволени визири и шалови како замена за навлаки на лицето на нашите летови.

Децата под 6 години не се обврзани да носат маски за лице.

Ако од здравствени причини не можете да носите маска за лице, мора да имате лекарско уверение, како и негативен тест за КОВИД-19.