На 28.11.2026 во 18:40 часот во спортската сала „Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 42-годишниот Љ.П. од Битола.
Лицето било приведено затоа што се однесувало агресивно, тропало на вратата и се обидело насилно да влезе во објектот по започнувањето на ракометниот натпревар помеѓу екипите на РК „Еурофарм Пелистер“ и РК „Охрид“.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
