Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни, а поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови.
На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места.
Утринските температури ќе се движат од 0 до пет степени, а дневните во интервал од 3 до 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта кога ќе дува и засилен северен ветер.
За утре се најавува променливо облачно и свежо, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе надминува брзина и над 70 км/час.
Од петок и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и потопло.