Во пратенички мандати тоа изгледа вака: партијата на премиерот во заминување Борисов ГЕРБ ќе има 75 пратеници,,Има таков народ“ на шоуменот Слави Трифонов 51, Социјалистичката партија на Бугарија 43, Движењето за права и слободи 30, Демократска Бугарија на поранешниот министер за правда Христо Иванов, 27, „Исправи се“ на поранешната народна правобранителка Маја Манолова 14 пратеници.

Ваквиот распоред на силите никого не го доведе до состојба сам да формира влада, а околу можните комбинаторики не им оди лесно ниту на аналитичарите кои ги полнат телевизиските студија уште од раните утрински часови за тоа кој ќе влезе во составот на новата бугарска влада. Тие не ја исклучуваат можноста, бугарија набрзо да оди на уште едни парламентарни избори.

Премиерот во заминување Борисов пред два дена понуди или на Трифонов да му даде десет пратеници или сите партии да се согласат да изгласаат големо народно собрание.

На предлогот Трифонов се огласи со ставот дека за оваа ситуација се водат од одредбите во Уставот и се движат според пропишаните процедури. Борисов во меѓувреме се откажа од пратеничкиот мандат.