Времето денес ќе биде облачно и свежо со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Во четврток и петок локално ќе има услови врнежите да бидат поројни и проследени со ретки грмежи, велат од УХМР.