Времето во земјава ќе биде променливо облачно, од утринските часови со повремени врнежи од дожд, а од пладне на места нестабилно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец.
Максималната темепратура ќе достигне од 12 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневната темепратура ќе достигне до 14 степени.
Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. До понеделник на места врнежите ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено денес и во понеделник.
Од вторник врнежите ќе бидат од локален карактер и со помал интензитет, а времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.