Од понеделник се обновува сезонската авиолинија Белград-Охрид со Ер Србија. Како што информираат од ТАВ Македонија првиот авион се очекува да слета околу 14:35 часот, по што ќе се одржи церемонија за добредојде со воден мост, пречек на патниците и сечење лента.
Најавено е присуството на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и директорот за комерцијални работи и стратегии на Ер Србија, Бошко Рупиќ.
Како што претходно беше најавено Охрид ќе биде воздушно поврзан со Белград четири пати во неделата, односно секој понеделник, среда, петок и сабота.