Обвинетиот 53-годишен жител на селото Дебреше, како што соопшти Јавното обвинителство, на 8 април годинава, се движел во својата нива во атарот на селото, носејќи огнено оружје во пределот на појасот – пиштол и 12 куршуми со калибар 9мм Para, за кои немал соодветна дозвола за поседување.

Оружјето и муницијата ги пронашле полициски службеници, при личен преглед на обвинетиот, стои во соопштението.