Обвинителката Ленче Ристоска објави дека го добила случајот против Советот на јавни обвинители со одлука на Антидискриминациската комисија.
За тежок облик на дискриминацијата кон неа Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја уважи мојата претставка и утврди директна продолжена дискриминација како потежок вид на дискриминација по основ на лично својство и општествен статус извршена од страна на Советот на јавни обвинители. Во време кога е модерно да се декларират заложби за етичко лидерство во институциите и култура на професионален и личен интегритет, како и родова и секој друг вид на рамноправност, декларативноста треба да се замени со практична и јавна подршка на поединците што ги поседуваат овие квалитети и ги водат овие битки. Воведувањето на мерит систем, наспроти практикување на дискрециони областувања, ќе влијае на зголемување квалитетот на работата и консеквентно на довербата во јавнообвинителскиот систем, бидејќи е едно од најсилните оружја против корупција, клиентелизам и дискриминација, напиша Ристеска на социјалните медиуми.
Инаку претсавката следуваше откако претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски во образложението за нејзниот неизбор го спомена нејзиното породилно отсуство.
Кај Ленче имаме недостаток на работа по предмети во овој период, зборуваме за различни предмети со кои би се сретнала и во Вишото обвинителство. Немаме извештај за неа за последните четирите години, таа еден период е и на трудничко отсуство. Во Вишото обвинителство се бара работа по сите видови на предмети, не само на одредена категорија во одредена област. Сепак, Специјалното обвинителство не работеше кривични дела убиства, не работеше со дрога, еден куп предмети кои ги работат во Основното обвинителство, а ќе треба да одлучува и за тие предмети. Тие беа специјализирани за најтешките дела, ама најтешките дела од областа на злоупотреба, рече Јолевски.
Ристоска и јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше Ристоска да одогвара за јавно искажаните ставови.