По информацијата дека денеска Кривичниот суд ќе одлучува дали Сашо Мијалков ќе излезе од притвор, поради понудена милионска гаранција, од Обвинителството и официјално потврдија дека дале согласност да се брани од слобода, бидејќи понудил гаранција од речиси 11 милиони евра.

Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10,871,170 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата, одговорија за „Фокус“ од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.