Од денеска нашата група и официјално дејствува како фракција во ДУИ, изјави на прес-конференција еден од лидерите на „огнената група“ и градоначалник на Чаир, Висар Ганиу. „Сметаме дека е демократски да функцинираме како  посебна група во рамки на нашата партија и јавно да изразуваме различно мислење., како и да посочиме на големиот број нестатутарни и нелегитимни одлуки донесени во ДУИ, рече Ганиу

Нема да бидеме замолчени, тоа нема да се случи, потенцира Ганиу нагласувајќи дека претставниците на фракцијата ја граделе ДУИ низ годините.

„Затоа, имаме право да кажеме дека  во ДУИ постојат двојни стандарди како во организираните дебати, така и при одлучувањето. Последниот состанок беше затворен за јавноста со однапред утврдени насоки за работа и беше исклучена можноста за наш придонес. Нашите предлозви за гласање доверба на мисистрите на партиско ниво беа одбиени. Нагласувам, органите на ДУИ не функционираат статутарно, а партиските избори кои се организираа пред една година во ограноците на ДУИ, се нестатутарни и се нелегитимни“, рече Ганиу и додаде дека политичките одлуки ги носат министрите, а партиските органи и ограноци не се тгретираат.

Ганиу рече дека јавноста треба да знае дека претставниците на фракцијата го предупредиле партискиот врв дека имаат разлики и по основ на идејата уставниот измени да бидат искористени за официјализирање на албанскиот јазик во Уставот со цел да се избрише одредницата „20 проценти“ и дека, како што рече, тоа никаде го нема во документите на ДУИ.

„Предлагтаме и дијаспората да може електронски да гласа на иззборите, а тоа е исто така можност сега да биде вградено во Изборниот законик имајќи предвид дека се формра група за изработка на законикот“, рече Ганиу.

Во врска со одлуката на Уставниот суд за укинување на законски одредби со што функционерските плати ќе можат да се зголемат за 78 отсто, Ганиу изнесе предлог:

„Да се донесе законска одредба со која функционерските плати ќе се ограничат на 500 евра“.

Изет Меџити, неформален лидер на „огнените“, пратеник и потпретседател на ДУИ, на новинарско прашање рече дека и тие поддржуваат изградба на Коридорот 8, но предупреди дека делењето функции, како таа “Груби координатор на коридорот’ претставува политичка злоупотреба. Меџити преддупреди дека ќе биде срамота ако и овој коридор биде граден како автопатот за Блаце-два километри годишно.

Тој исто така, наведувајќи бројни одлуки донесени во врвот на ДУИ, нагласи дека за влезот на Алијанса за Албанците во Владата не  било дискугтирано ниту поставено како прашање на Претседателството на ДУИ, ниту на партискиот Централен совет.

Половина од Претседателството на ДУИ, и 30 проценти од членството ни дава поддршка нас, како на група во ДУИ, рече Меџити.