Поради енормното загадување на воздухот, од вчера на сила е бесплатен јавен превоз за сите граѓани во скопје, информираа од ЈСП Скопје.

Одлуката следи откако претходно град Скопје изрече пакет мерки од прв степен, вклучително и препораки и предупредувања.

Освен бесплатен превоз, се зајакунува и инспекциски надзор на инсталациите во надлежност на град Скопје.

Меѓу другото град скопје препорачува откажување или одложување на јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено. Да се користи јавниот превоз, а возилата да се користат само во непоходни ситуации. Овие мерки ќе бидат во сила се додека не се намали загадувањето под прагот од 100 микрограми на кубен метар, се појаснува во соопштението на град Скопје..