Данела Арсовска во својата кампања ветуваше бесплатен јавен превоз, но стигнавме до без превоз. Учениците се вратија во училштата, но ЈСП своите автобуси ги паркираше во своите бази.
„Пукна филмот“ на возачите од ЈСП Скопје кои останаа без декемвриската плата. Тие денеска возеа од 4.30 до 9 часот, а токму во 9 ги паркираа автобусите во своите бази и се упатија пред просториите на Град Скопје.
На вонредната седница на Град Скопје се очекува исплата на субвенции на ЈСП за декември во износ од 11 милиони евра.
Синдикат на ЈСП: Утре превоз ќе има од 4.30 до 9 часот, потоа автобуси нема да има
Ова следува откако на вчерашниот состанок што го одржува Синдикот на ЈСП се донесе конечна одлука дека автобусите во главниот град по 9 часот ќе останат во гаражите.
Миќо Стојновски за Канал 5 рече дека во 9 часот сите автобуси се повлекуваат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, а во 10.30 часот сите вработени ќе бидат пред седиштето на Град Скопје.
Сите следни одлуки ќе бидат донесени по оваа седница која започнува во 10.30 часот во просториите на Град Скопје.
Сите критики се упатуваат кон Данела Арсовска. Од Владата се изземаат од одговорност и посочуваат дека Градот несоодветно ги менаџира средствата.