Одложено првото судење за убиството на Вања и Панче–на Палевски ќе му се суди заедно со останатите обвинети.
Осомничениот Љупчо Палевски и четворицата соизвршители обвинети за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски во исто време ќе седнат во судница.
Кривичен го прифати предлогот на ОЈО за спојување на двете постапки кои се водат во врска со двојното убиство и одлагање на главната расправа кој требаше да се одржи во вторник на 30-ти јули.
„Имајќи го предвид добиениот предлог на обвинителството, а заради економичност и ефикасност на постапката, судот ги отповика наредбите за спровод на обвинетите кои издржуваат мерка притвор и мерка куќен притвор, а судечкиот совет во согласност со одбраната ќе насрочи нов термин за отпочнување на главната расправа за што странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, се наведува во соопштенито од Основен кривичен суд скопје.