Судија на претходна постапка го прифати предлогот на ОЈО и на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, кој поднесе неотповиклива оставка по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба, му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќиги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.
Како што и претходно информираше судот, судијата на претходна постапка по добивање на предлогот на Јавниот обвинител, во Законски утврдениот рок издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот, но во текот на денот истиот самиот се пријави во судот да се произнесе во однос на предлогот.
Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд.
– Што се однесува до другите двајца осомничени – опфатени со предлогот за определување мерка притвор кои се странски државјани и за кои е добиено известие дека се недостапни на органите на прогон, донесено е решение за праитвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
Јавната обвинителка Катерина Коларовиќ, по завршување на распитот во Судот, информираше дека го соочиле осомничениот Мухамед Зеќири со аргументите кои ги бара Законот за кривична постапка, и дека останува судот да одлучи по барањето.
Таа посочи дека немаат доказ во формална смисла дека тој планира бегство, но, како што рече, постои сомнеж.
– Тоа се оперативни сознанија кои што се изнесени од страна на судот, доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени, ако не ги прифати повторно ќе објасни зошто не ги прифати, рече таа.
Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска
Зеќири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.