Како што соопшти Царинската управа на Србија, тој на границата изјавил дека нема што да пријави, освен лични работи и дозволените 10.000 евра, но со детален преглед открини се вкупно 158.000 во апоени од 500 и 200 евра во јакна на задното седиште на „Мерцедес “ и во торба под седиштето на автомобилот.
-10.000 евра веднаш се вратени на патникот, колку што според важечките прописи на Србија и ЕУ можат да се пренесат во готово преку границата, додека за преостанатата сума одлука донесе надлежниот суд по итна постапка. Патникот е казнет и трајно му се одземени 148.000 непријавени евра во корист на државниот буџет на Србија, соопштија од Царината.
Тие потсетуваат дека „преку границата дозволено е да се пренесуваат до 10 000 евра“, и дека износите над оваа сума „мора да бидат пријавени кај царинските органи, со валиден доказ за потеклото на парите“.