На официјална прес-конференција, сопственикот Михајло Михајловски го потврди Црногорецот и тоа значи дека миленикот на „Комитите“ повторно ќе седне на тренерското столче на најтрофејниот македонски клуб.

Вујовиќ по трет пат во кариерата ќе седне на клупата на Вардар. Првпат тој беше на чело на клубот од 2006 до 2009, а потоа од 2011 до 2013 година.