На 19.04.2022 во 11:31 часот во СВР Битола, раководител на агенција за обезбедување пријавил дека во периодот од 18:30 часот на 18.04.2022 до 06:30 часот на 19.04.2022 во фабрика за производство на марихуана во стечај, во близина на с.Алданци, крушевско, било влезено со употреба на сила и подесен алат.
Според пријавата, биле одземени 108 шишиња масло од канабис и 6 најлонски ќеси со иглички од цветот од растението канабис.
Увид на местото извршиле увидни екипи од Надворешните канцеларии за криминалистички работи Крушево и Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.