Проблемот со регионалното поврзување остави делови од Хондурас и Никарагва во целосен мрак, а операторот на електричната мрежа ЕОР соопшти дека прекинот започнал вчера во 13 часот и дека причината за оваа хаварија се уште се утврдувa.
Според соопштението, употребата на електрична енергија паднала од 8.300 мегавати на само 2.400 мегавати низ целиот регион, со исклучок на Панама и Костарика, кои во голема мерка не биле погодени.
ЕОР обезбедува услуги на околу 47 милиони луѓе во Централна Америка, од Панама до Гватемала, и во оваа хаварија, една третина од тој број имале прекини на електричната енергија.