Речиси 40.000 мигранти се обиделе илегално да влезат во Полска од Белорусија минатата година, соопшти полската гранична служба.
Вкупно 44 лица се обиделе илегално да ја преминат полско-белоруската граница на последниот ден од 2021 година, се наведува во соопштението.
Во 2021 година се регистрирани дури 39.700 обиди за илегално преминување на границата, од кои 1.700 во декември.