Според Коњановски, во минатиот општински совет имало слаба реализација на програмата за економски развој, а во 2022 година, со оваа програма предвидени се 48 милиони денари денари.

-Покрај проектна документација за улична мрежа, преку оваа програма ќе делуваме кон подобрување на состојбите во училишните објекти, подготовка на проектна документација за изградба на вело патека за село Дихово, село Братиндол, како и уредување на зелени површини со урбана опрема и хортикултура. За реализација на програмата за животна средина предвидени се 9,5 милиони денари. Идната година е предвидено да отпочне изработката на Генералниот урбанистички план, за што предвидени се 10,2 милиони денари, нагласи Коњановски.

Со новиот буџет на Општина Битола во 2022 година ќе се изврши изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици, изградба и уредување на нов парк во Нова Битола, реконструкција на планинарскиот дом Копанки, изработка на документација за изградба на противпожарна зграда и спортски комплекс во АРМ, 89 проекти од програмата за економски развој, проекти од програмата за спорт и млади, како и проекти од програмите за туризам, еднакви можности, социјална заштита, култура, поддршка на талентирани ученици и културни уметници.