Унгарскиот премиер Виктор Орбан рано утрово свика состанок Советот за одбрана загрижен поради ескалацијата на борбите на украинскиот фронт, пренесува „Хунгари тудеј“.

Орбан напиша на „Фејсбук“ дека свикал седница на Советот за одбрана поради синоќешните засилени борби во Украина, истакнувајќи дека, за Будимпешта, „безбедноста на Унгарија е на прво место“ и додавајќи дека сега е најважно да се постигне мир и прекин на огнот.

На седницата присуствувале унгарскиот министер за одбрана, началникот на Генералштабот на унгарските вооружени сили, министерот за внатрешни работи и голем број други функционери.