Сириски бегалец, осомничен дека денеска избодел шест лица во францускиот алпски град Анеси, најверојатно немал „терористички мотив“, изјави локалниот обвинител.

Лине Бонет-Матис рече дека од четирите деца повредени во нападот, едното било на возраст од само 22 месеца, две биле двегодишни, а најстарото имало три години. Сите се во животна опасност. Повредени се и две возрасни лица.

Осомничениот е на возраст од 31 година и е сириски азилант кој е приведен. Добил статус на азилант во Шведска во април.