Тој не кажа дали чувствува морална и политичка одговорност, но кажа дека одлука за оставка ќе донесе по завршување на истрагата.
Потенцираше дека му е тешко и дека не бега од одговорност.
– Имаше повици за моја оставка. Дозволете да кажеме дека од одговорност не бегам ниту ќе бегам. Но ќе чекам да заврши истрагата. Поради тоа што и овој период има потреба од менаџирање на кризата околу кризата во Тетово, сето тоа што значи процес на завршување на обдукционите наоди. По завршување на истрагата ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка. Навистина се сочувствувам со сите членови на семејствата на загинатите, но ќе чекам да заврши истрагата, рече Филипче.