Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек! Заради ова, асоцијацијата за цистична фиброза утре во 14 ч организира собир пред влада.
Пред влада ќе се збогува со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта, информираа вечерва од Асоцијацијата.