На летот Скај Вест 5365, во моментот кога авионот започнал да се движи, човекот се обидел неуспешно прво да ја пробие пилотската кабина, а потоа успеал да ја отвори вратата од товарниот дел и да скокне по лизгачот за евакуација на асфалтот, соопштија официјални лица од аеродромот објавија агенциите.

Мажот бил приведен на пистата, му била укажана помош поради повреди не толку опасни по живот и бил пренесен во болница, објавија властите.

Авионот, кој се движел кон Солт Лејк Сити, останал на аеродромот поради дополнителни проверки и полициска истрага уште некое време, а утврдено е дека никој друг во авионот не е повреден.

Ова е втор инцидент во овој град во Калифорнија во последните два дена, откако возач на автомобил проби ограда во четвртокот вечерта и влезе на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, а полицијата соопшти дека мажот е уапсен и дека никој во инцидентот не беше повреден а дека две писти беа кратко затворени