Нападот се случил додека тој се превезувал над регионот Кататумбо кон градот Кукута, административен центар на колумбиската провинција Норте де Сантандер.

– Она што се гледа е дека беше напад по кој на претседателскиот хеликоптер може да се видат дупки од куршуми, нагласи Дуке во видеообраќање.

Во хеликоптерот биле и министерот за одрбана Диего Молано, министерот за внатрешни работи Даниел Паласиос и гувернерот Силвано Серано.

Портпарол на Кабинетот на Дуке изјави дека нема повредени во инцидентот. Регионот Кататумбо е познат по одгледувањет кока. Таму дејствуваат и бунтовниците од Армијата за национално ослободување кои го отфрлаат мировниот договор од 2016 година како и криминални групи поврзани со шверц на дрога.