Сообраќајот на сите државни и регионални патишта низ државата се одвива по влажни коловози. Сите патни правци се целосно проодни за сообраќај и континуирано се чистат од снежни врнежи со сета расположлива механизација, која активно дејствува на терен.
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта со сите свои капацитети работи на терен со цел расчистување на патиштата и овозможување непречено одвивање на сообраќајот низ целата држава.
„Информираме дека се ангажирани сите дежурни екипи на сите критични превои. Исто така подготвена е цела механизација, потребен број на работници и обезбедени се потребните количества на сол и ризла со цел одржување на непрекинат и безбеден сообраќај“, велат од ЈП „Македонија пат“.
Од јавното претпријатие упатуваат апел до сите возачи и учесници во сообраќајот да управуваат со возилата крајно внимателно, да ја прилагодат брзината на движење според моменталните услови на коловозот, задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема и да го усогласат своето патување со временските прилики на патиштата.
