Тој посочува:
– Токму ова нерационално и расипничко трошење на Владата на Зоран Заев ќе ги чини граѓаните речиси 3 милиони евра односно 172 милиони денари, народни пари од Буџетот на Република Македонија. Оттука, соочени со секојдневните милионски скандали и криминали, но и познавајќи го степенот на криминалитет на Владата предводена од Зоран Заев и СДСМ, ние отворено се сомневаме околу износот од 3 милиони евра за набавка на картички со кои на српските туристи ќе им се овозможи летово да транзитираат низ Македонија без да платат патарини. Токму поради огромниот милионски износ и сомнежот кој што постои во јавноста, Зоран Заев и Владата мора да дадат одговори на неколку логични прашања кои што македонската јавност мора да ги слушне
Пецаков вели дека Владата и Зоран Заев мора да одговорат како е дојдено до таа сума од 3 милиони евра за набавка на картички за патарина и дека Владата и Зоран Заев мора да одговорат зошто оваа мерка не се воспоставила со едноставно кревање на рампа и видео надзор на автомобилите со српски регистарски таблици?
– Исто така, како пратеник кој доаѓа од Охрид, јас и охриѓани сакаме да добиеме одговор од Зоран Заев и Владата, зошто оваа мерка не се воспостави и не важи и за Охрид како летна туристичка дестинација за илјадници српски државјани туку важи само за Грција? Очигледно, за Зоран Заев и најкриминалната Влада во Европа зборовите транспаретност, отчетност и одговорност немаат никакво значење. Тие се занимаваат само со бизнис зделки и милионски профити. Токму затоа, одговорите на овие прашања македонската јавност мора да добие и да ги слушне. Граѓаните мора да знаат каде, зошто и како се трошат нивните пари, додаде Пецаков.