Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско.

Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити.

Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со Охриѓани.

Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, пишува во својата објава на Фејсбук охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.