Градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски е на терен и во изјава за Прес24 рече дека добиле и странска поддршка за гаснење.

-Имаме помош од воздух, тука се и и пожарникари од Словенија и Австрија. Се наоѓаме над Робово и тука најмногу сме фокусирани, рече Тренчовски за Прес24.