Сончево и многу топло време ќе преовладува до понеделник, а во текот на викендот на места температурите ќе достигнат и до 40 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе има мала до умерена облачност, но времето ќе остане стабилно и топло. Највисоки температури се очекуваат за време на викендот, кога дневната температура локално ќе се искачи до 40 степени.
Промена на временските услови се очекува во вторник. Тогаш ќе има нестабилно време со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во среда ќе продолжи освежувањето со засилен северен ветер, а температурите ќе бидат пониски за неколку степени во однос на претходниот период.
