Во однос на шпекулациите за имиња кои не поминуваат, Пендаровски рече дека станува збор за осетливи безбедносни прашања и не е добро да се шпекулира, ниту за државата, ниту за тие луѓе.

– Тоа не се шпиони, ниту криминалци. Тие луѓе ќе останат во министерствата, каде што се, но на друго работно место каде нема да имаат контакт со класифицирани информации, изјави Пендаровски.

Посочи дека во однос на процентот на лица кои добиваат безбедносни сертификати, нашата држава е во просекот на новите земји-членки во последните десетина-петнаесет години, односно на многу мал процент на луѓе кои отпаѓаат на различно ниво.