Предвидено е Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Ќе оствари средба и со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.
-Во петок, 18 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски ќе учествува на Анталија дипломатскиот форум кој се одржува за прв пат под мотото „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. На форумот, претседателот Пендаровски ќе говори на претседателската панел дискусија на тема „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во светло на научените лекции“, информираат од Кабинетот.
Во сабота, 19 јуни 2021 година, претседателот Пендаровски во Истанбул ќе оствари средба со Неговата Сесветост Вартоломеј, Архиепископ Цариградски – Нов Рим и Вселенски Патријарх.