Владата на францускиот претседател Емануел Макрон можеби преживеа две барања за недоверба во понеделникот, но демонстрантите на улиците одбиваат да бидат замолчени поради нивното противење на неговите пензиски реформи, пренесува Euronews.

Полицијата уапси 234 лица само во понеделникот вечерта во Париз за време на тензичните судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили, изјави полициски извор, при што неколку групи палеле корпи за отпадоци, велосипеди и други предмети.

Слични сцени беа пријавени и во други француски градови, вклучително и Дижон и Стразбур, каде што демонстрантите ги искршија стаклата на стоковна куќа, јавија дописниците на АФП, при што полицијата уапси 287 луѓе ширум земјата, рече изворот.

Стотици работници го блокираа пристапот до магацините за гас во овој град во близина на Марсеј за да изврши притисок врз извршната власт да отстапи од реформата што ја одложува минималната возраст за пензионирање од 62 на 64 години.

Макрон во вторник требаше да се сретне со неговата премиерка Елизабет Борн, како и со претседателот на Собранието, Јаел Браун-Пивет од неговата центристичка партија Ренесанса и со десничарскиот претседател на Сенатот, Жерар Ларшер.

Широко распространето противење на реформите
Некои политичари и многу работнички групи се лути поради тоа што претседателот користи специјални овластувања за да го протурка законот за пензиските реформи без гласање.

Претседателот Макрон во вторникот рече дека нема намера да го распушти Националното собрание (долниот дом на пратениците), ниту ќе ја реконструира Владата, ниту ќе поднесе на референдум реформа што ја смета за неопходна за опстанок на системот.

Според анкетите, речиси 7 од 10 Французи се против реформата.

За четврток е повикан уште еден национален ден на акција.

Владините инсајдери и набљудувачите ги зголемија стравувањата дека Франција повторно се движи кон уште еден бран на насилни антивладини протести, само неколку години откако движењето „Жолти елеци“ ја потресе земјата од 2018 до 2019 година.