Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за проектот на Суперлигата во Европа.

– Постои договор со одредени обврски. Суперлигата продолжува да постои. Ни се закануваа, а англиските клубови беа погодени од оваа принуда. Чекаме судска одлука во Луксембург. Англиските клубови не заминаа сами, беа принудени од УЕФА. Клубовите изгубија осум милијарди евра, Чеферин ја зголемува својата плата. Некои имаат привилегии и сега сакаат да ги задржат. Тие веќе сакаа да не исфрлат од Лигата на шампионите, но судот им забрани, рече Перез.

Проектот Суперлигата на 12 врвни европски екипи стартуваше во април и траеше само два дена по масовните негативни реакции во јавноста.