Тој вели дека Суперлигата не е напад врз фудбалот, туку негово неопходно спасување.

– Сите велат овие се богати и прават што сакаат – не. Јас не сум сопственик на Реал Мадрид, Реал Мадрид е клуб на членови. Сè што правам е за доброто на фудбалот. Сега го правиме ова за да го спасиме фудбалот, кој е во критична ситуација, рекол првиот човек на мадридскиот гигант.

Според Перез, светските клубови се наоѓаат во финансиски потешкотии поради пандемијата и Суперлигата е еден од потезите кои мора да се преземат.

– Ова е спас на фудбалот за да може истиот да биде мирен барем во следните 20 години. Ситуацијата е многу драматична“, додава Перез во интервју за шпанските медиуми и порачува: „Ќе се обидеме да почнеме што поскоро.

Перез исто така додаде дека 40% од младите не се заинтересирани за фудбал, главно бидејќи има многу неквалитетни натпревати. Вели, тоа е причината зошто мора да се приспособат.

– Ако имаме повеќе пари, тоа е подобро за секого, бидејќи ние ќе можеме да плаќаме за играчи од други клубови повисоки суми и на тој начин финансиски да им помогнеме, додаде Перез.