Златко Перински преку статус на Фејсбук денеска пишува дека резултатите како нов директор на Водовод и канализација ќе донесат примени кои граѓаните ги бараат.

-Благодарност за честитките.

Управувањето со Јавното претпријатие Водовод и канализација кое е еден од симболите на градот Скопје ми преставува голема чест и предвизик. Но и одговорност заедно со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да помогнеме во развојот на градот и остварување на ветеното.

Убеден сум дека резултатите ќе донесат промени кои граѓаните ги бараат.

Скопјани заслужуваат подобри и квалитетни услуги и заедно ќе се бориме за тоа, стои во неговиот пост на Фејсбук.