Пешак загина на лице место
Утрово околу 7 часот и 50 минути на патот меѓу Штип и Кочани кај селото Тркање пешак го загуби својот живот откако во него удрило патничко возило од марката „опел астра“.
Возилото било управувано од 26 годишниот К.А. со кочански регистарски таблици и удрило во 56 годишниот пешак С.С. од селото Теранци во околината на Кочани. Пешакот починал на лице место, лекарите веднаш констатирале смртен случај.
Сообраќајот е нормализиран
Екипа на ОВР Кочани изврши увид на лице место. Од АМСМ информираа дека утрово сообраќајот се пренесочува по експресниот пат. Оттогаш, до сега сообраќајот е нормализиран на магистралниот пат Штип – Кочани.