Пет големи американски телевизиски станици во понеделникот престанаа да ги следат дневните активности на претседателот Доналд Трамп. Со овој потег тие се солидаризираа со три медиуми на кои администрацијата им забрани пристап до Белата куќа.
„Си-Ен-Ен“ планираше да известува за учеството на Трамп на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, но Белата куќа ѝ го забрани пристапот. Истата одлука ги опфати и „Политико“ и „МС НАУ“, поранешна „Ем-Ес-Ен-Би-Си“.
Поддршка за трите медиуми изразија телевизиите што се дел од новинарскиот пул во Белата куќа, односно медиумите што ги следат претседателските активности и го споделуваат материјалот со други редакции.
„Јавноста има клучен интерес да добива точни, независни информации за својата влада. Ниту една влада не треба да ограничува новинска организација затоа што е вознемирена од нејзиното известување“, се наведува во заедничката изјава на „Еј-Би-Си њуз“, „Си-Би-Ес њуз“, „Си-Ен-Ен“, „Ен-Би-Си њуз“ и „Фокс њуз“. Последната телевизија, иако ја поддржа изјавата, со години е критикувана од американските мејнстрим медиуми како „протрамповска“.
„Си-Ен-Ен“, „Политико“ и „МС НАУ“ најавија дека ќе го тужат Трамп поради забраната. Најавата следува откако американскиот претседател минатата седмица се закани со тужби против овие и против други медиуми, обвинувајќи ги за објавување „лаги“.
„Доколку остане на сила, забраната ќе ја загрози слободата на печатот и правото на јавноста на независно новинарство ослободено од мешање на владата“, наведуваат медиумите.
Белата куќа била известена дека тужбата ќе биде поднесена во понеделник. Како што се посочува во објавата, нејзината цел е „да се одбрани принципот дека владата не треба да одлучува како медиумите известуваат или што да објавуваат“.
Трамп во своите политички кампањи често зборуваше за слободата на говорот и медиумите. Истовремено, тој ги обвинуваше споменатите медиуми за ширење „лажни вести“, откако тие отворено објавиле дека ќе водат кампања против него.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, исто така, ги критикуваше мејнстрим медиумите за кои тврди дека се под влијание на неолибертаријанските политики. На минатогодишната Минхенска безбедносна конференција тој особено ги критикуваше европските медиуми поради, како што рече, „потиснување на слободата на говорот“ и „замолчување на политичката опозиција“, во контекст на нивните отворени кампањи против суверенистичките партии на континентот.
Трамп во петокот ја оправда забраната со обвинување дека медиумите шират лажни вести.
„На медиумите не би смеело да им се дозволи постојано да објавуваат или известуваат ИЗМИСЛИЦИ и ЛАГИ кога известуваат за претседателот на Соединетите држави, администрацијата на Трамп или Соединетите држави“, напиша американскиот претседател.
Тој тогаш изјави дека одлуката не ја донел поради некоја посебна причина, туку дека аргументите во прилог на забраната се „натрупале“.
„Тие намерно пишуваат негативни вести, обидувајќи се да ги потценат достигнувањата на републиканската администрација“, рече Трамп.
Американскиот претседател продолжи со критиките и во понеделникот, кога на платформата „Трут соушл“ напиша: „Белата куќа не започнува напад врз Слободниот печат,
