Метаболизам, во основа, е процес на претворање на храната во енергија. Кога човекот има побавен метаболизам, може да доживее зголемување на телесната тежина, замор или сува кожа… Постојат некои фактори кои влијаат на брзината или забавувањето на метаболизмот, како што се возраста и генетската структура – кои едноставно не може да ги контролираме. Сепак, има фактори врз коишто имаме влијание, а меѓу нив, е и храната што ја јадеме.
Јајца
Вносот на голема количина протеини е клучен за човековиот метаболизам. А, јајцата се одличен начин за зголемување на нивото протеини, бидејќи обично имаат помалку маснотии и калории. Со тоа, телото ќе потроши повеќе енергија за да го процесира протеинот од јајцата, но и подолго ќе се чувствуваме заситени.
Јатки и семки
Јаткастите плодови и семињата се сигурен начин на здрава исхрана кога човек е во брзање и бара брза закуска. Како што велат стручњаците, консумирањето ореви или семки дава сѐ што е потребно за постабилен шеќер во крвта, како и природно додавање макро-јаглехидрати, протеини и масти.
Зачинета храна
Познато е дека зачините се одличен начин за забрзување на метаболизмот. Според истражувањето на британскиот „Журнал“ за исхрана, ѓумбирот, црниот пипер, сенфот и ренот и чили-пиперките се одлични во тој поглед.
Вода
Водата е една од најважните компоненти… Нѐ одржува сити и го контролира гладот, но и помага во зајакнувањето на метаболизмот, варењето и апсорпцијата на храната и одржувањето редовни движења во дебелото црево.
Авокадо
Според лекарите, авокадото нѐ одржува сити и полни витамини, минерали, влакна и масти здрави за срцето. Според една научен труд објавен во „Нутришн журнал“, авокадото всушност го намалува метаболичкиот синдром кај возрасните, верига состојби како што се висок шеќер во крвта, вишок маснотии во телото и висок притисок кои ја зголемуваат веројатноста од срцеви заболувања.