Обединетото Кралство, САД, Италија, Австралија и Канада соопштија дека го суспендираат целото финансирање на агенцијата на ОН додека не се реши случајот со обвинувањата дека нејзиниот персонал бил вклучен во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Отпуштања од Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа
Во петокот, Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа (UNRWA) соопшти дека отпуштила „неколку“ вработени по израелските наводи дека 12 вработени биле вклучени во нападот на 7 октомври.
Шефот на УНАРВА, Филип Лазарини, рече дека одлуката за отпуштање на персоналот е донесена „за да се заштити способноста на агенцијата да доставува хуманитарна помош“.
„Секој член на персоналот на УНАРВА вклучен во акти на тероризам ќе биде повикан на одговорност, вклучително и преку кривично гонење“, додаде тој.
Стејт департментот екстремно вознемиран, бараат одговорност
Во соопштението на Стејт департментот, САД рекоа дека се „екстремно вознемирени“ од обвинувањата и истакнаа дека „привремено го суспендирале дополнителното финансирање за УНРВА додека ги разгледуваме овие наводи и чекорите што ОН ги преземаат за да ги изведат одговорните пред лицето на правдата“.
„Сите инволвирани во монструозните напади на 7 октомври мора целосно да одговараат“, се вели во соопштението.
Претходно од Обеднедитите нации бараа одговорност од Израел заради масовните напади.
Најмалку девет загинати: ОН со обвинувања за масовни жртви заради израелски напад, оттаму негираат
Висок израелски функционер изјави за новинската агенција Аксиос дека Шин Бет и ИД обезбедиле информации во кои се тврди дека на 7 октомври персоналот на УНАРВА бил активно вклучен и дека користеле возила и опрема на агенцијата.