Радев сакаше само да покаже, кој ја поддржува Бугарија во овој „изопачен” однос на Бугарија кон Македонија. Најжално од се’ е, што во оваа валкана игра на Бугарија е вклучена целата ЕУ, пишува Петковски.
Во продолжение фејсбук статусот на Петковски:
Румен Радев говори дека: „Нема „ДА” за Македонија, се додека не се искорени изопачениот став кон Бугарија”. И тоа воопшто не ме вознемирува. Станува збор за докажан популист и националшовинист, кој се бори за втор претседателски мандат. Многу повеќе ме загрижува втората и за него најважната причина за бугарското вето, која папагалски ја повторува при секој јавен настап, дека Бугарија нема да дозволи „кражба на историјата”.
Ароганцијата и нескриениот триумфализам при неговата изјава од Брисел за бугарското „НЕ” на преговарачката рамка, произлегува од фактот што тоа се зборови кои се обиде Германија да ги протне во преговарачката рамка, за време на германското претседателство со ЕУ.
Како што е познато, тие зборови отпаднаа по силното противење на Чешка и Словачка.
Радев сакаше само да покаже, кој ја поддржува Бугарија во овој „изопачен” однос на Бугарија кон Македонија.
Најжалосно од се’ е, што во оваа валкана игра на Бугарија е вклучена целата ЕУ“, пишува Петковски.