– И нашето училиште не го заобиколи коронавирусот и во овој момент имаме петмина вработени позитивни на Ковид 19. Се работи за тројца наставници и за двајца возачи ,кои со комбиња ги превезуваат учениците од дома до училиште и обратно. Од петмината позитивни дел се на болничко лекување, додека дел се лекуваат во домашни услови. Добро е што во нашето училиште нема инфицирано ученици, рече директорката Биљана Ангелеска.
Таа додаде дека во ова училиште наставата се одвива комбинирано, дел со физичко присуство во пониските и онлај во повисоките оделенија.
– Во нашето училиште наставата од прво до петто оделение се одвива со физичко присуство на учениците, додека во повисоките одделенија се одвива онлајн. Инаку наставата со физичко присуство за цело време се одвива со целосно почитување на протоколите за заштита од Ковид 19, додаде Ангелеска.
Во ова училиште наставата ја следат 140 ученици, заедно со училиштата во Подвис и Брждани.