Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со амбасадорката на САД, Кејт Брнз, утре во 10 часот, во армискиот полигон „Криволак“ ќе ги посетат припадниците на Армијата на Република С. Македонија и на вооружените сили на САД, кои заеднички работат на изградба на нови содржини на полигонот, пред почетокот на меѓународната вежба, „Одлучен удар 21“.

Вежбата „Одлучен удар – 21“ ќе се реализира во периодот од 17 мај до 2 јуни на АП „Криволак“ и на неа предвидено е да учествуваат околу 2.000 припадници од армиите на САД, Грција, Бугарија и од Република Северна Македонија. До самото започнување на вежбата ќе се реализираат повеќе инженериски активности, односно уредување на полигонот „Криволак“ што ќе овозможи беспрекорно реализирање на вежбовните активности.