Петрушевска изрази благодарност до соседна Србија што излезе во пресрет на македонските граѓани и вакцинираше голем број државјани на Македонија.
– Сликата на Табановце говори за целокупното работење на оваа Влада, девастиран систем, држава на колена и тоа најверојатно веќе влегува во колективната меморија на секој од нас, рече пратеничката.
Таа напомена дека вакво неодговорно однесување, непокажување сочувство со граѓаните, досега во најмала рака требаше да резултира со оставки на најодговорните и челните лица во Владата.
– Србија посветено менаџира и прави најдобро што може и покажа дека има клучна улога и во регионот, додаде Петрушевска.
Пратеничката посочи дека таа ќе се вакцинира кога ќе дојде нејзиниот ред ќе се вакцинира без разлика која вакцина ќе биде достапна.
– Важно е државата, институциите, Владата да обезбедат вакцини но истовремено да се почитува правото на граѓаните, лична е одлуката дали ќе се вакцинираат или не, рече Петрушевска.